
Овој викенд ќе бидат одиграни натпреварите од 13. коло на Втората женска фудбалска лига кое коло е претпоследено на програмата. Лидерот Кочани на домашен терен како апсолутен фаворит ќе игра против Победа Валандово, а дополнително со оглед на тоа што Кочани го има последниот меч на домашен терен, може да стана и шампион веќе овој викенд.
За Кочани да стане шампион ќе мора да ја добие Победа од Валандово, а притоа да се надева на пораз на Вардар во Охрид од Билјанини Извори, во случај Вардар да триумфира тогаш во последното коло со дербито меѓу Вардар и Кочани ќе се решава кој да биде шампион.
Дербито на колото го играат Билјанини Извори и Вардар, меч од капитална важност и за двете екипи во трката за баражот за Прва лига.
Плачковица на домашен терен ќе игра против екипата на Слободен, каде гостинот како дебитант ќе ја бара дури првата сезонска радост, бидејќи Слободен е единствениот тим кој не се израдувал на триумф во тековната сезона.
Борец на домашен терен ќе игра против Порече од Македонски Брод со тоа што гостинот ќе биде фаворит за трите бодови.
Александар Ванев, М-Нет