
Битолската сала „Боро Чурлевски“ беше распродадена за неколку минути, па тоа ќе значи дека Вардар во Битола го очекува пеколно дерби против актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, а во рамки на 5. коло на плеј-офот од ракометната Суперлига.
Еурофарм Пелистер ќе има огромна поддршка од верните „Чкембари“ и битолската публика, а тоа ќе биде вистински пекол за Вардар. Ова е дерби на двата најголеми претенденти за титулата. Битолчани сакаат одбрана на титулата, а пак Вардар сака истата да ја врати во своите витрини.
Верните „Комити“ го најавија гостување во Битола, па тоа ќе значи дека салата „Боро Чурлевски“ покрај од грлата на „Чкембари“ ќе биде исполнета со навивачка атмосфера и од грлата на „Комити“ и со тоа и Вардар ќе има ветер во грб од трибините.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра во четврток со почеток од 18:30 часот. Шампионот Еурофарм Пелистер е прв со 11 бодови, а пак Вардар е втор со 10 бодови, разликата од еден бод е тоа што битолчани пренесоа три бодови, а Вардар два од регулариот дел во плеј-оф сегментот.
Александар Ванев, М-Нет