Агенции за политички анкети телефонски ги вознемируваат граѓаните на Штип во врска со локалните избори

Приватни агенции за испитување на јавно мислење веќе неколку месеци телефонски ги вознемируваат граѓаните на Штип. Им посочваат конкретни имиња на евентуални кандидати за градоначалници и ги поставуваат во ситуација да треба еден да изберат. Вознемирени тие се упатија до нашата редакција и побараа ова јавно да биде соопштено. Пред нашите камери анкетираните штипјани пак велат дека гласањето е анонимно со што секој има право на свое мислење, како и гласање.

Доколку повторно имаат провокација, анкетираните велат дека ќе реагираат поинаку. Иформираат дека дрскоста мора да се спречи.

Инаку, правото на тајното гласање е уставно право. Гласачот гласа сам, тајно зад гласачки параван. Гласањето го врши само на начин што го заокружува редниот број.

Иван Митев, М-Нет