
Да не се вознемируваат семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани, порача денес до опозицијата премиерот Христијан Мицкоски . Рече дека најмалку тие имаат право да зборуваат за морал, етика и водење на истрага. Вели дека граѓаните ќе кажат дали нивната вистина е прецизна и точна или онаа на сегашната влада.
,,Најмалку вие имате право, можеби немаме право и ние, ќе кажат граѓаните за неколку месеци од сега, но најмалку вие имате да зборувате за морал, етика, водење на истрага и постапување по устав. Мој совет до вас, да ги оставиме семејствата, на мене можете да удирате, дехидрирајте од плукање и нормално е тоа. Вие се опозиција. Граѓаните се тие кои кажуваат дали вашата вистина е прецизна и точна или онаа вистина која што ние ја кажуваме. Ве молам да ги оставиме семејствата на повредените, бидејќи тагата и болката се огромни.“, вели Мицкоски
Прво ќе се решат работите кои што доведоа до ова, рече Мицкоски, затоа што кога еднаш не се постапува, втор и трет, станува пракса. Кога се ќе се реши, тогаш ќе се побара од граѓаните да видат кој ја заслужува правдата, додава тој
Премиерот и понатаму замоли да не се отворат раните на семејтства, бидејќи раната е се уште пресна. Како што вели тој обвинителството е тоа што ќе продолжи да дава наредби заедно со судот.
Иван Митев, М-Нет