
Приватни агенции за испитување на јавно мислење веќе неколку месеци телефонски ги вознемируваат граѓаните на Штип. Им посочваат конкретни имиња на евентуални кандидати за градоначалници и ги поставуваат во ситуација да треба еден да изберат. Вознемирени тие се упатија до нашата редакција и побараа ова јавно да биде соопштено. Пред нашите камери анкетираните штипјани пак велат дека гласањето е анонимно со што секој има право на свое мислење, како и гласање.
Доколку повторно имаат провокација, анкетираните велат дека ќе реагираат поинаку. Иформираат дека дрскоста мора да се спречи.
Инаку, правото на тајното гласање е уставно право. Гласачот гласа сам, тајно зад гласачки параван. Гласањето го врши само на начин што го заокружува редниот број.
Иван Митев, М-Нет