
Речиси завршена е постапката за преадаптација на модуларната болница во Штип во амбуланти за „Мој термин“. Како што посочи директорот на болницата, доктор Владко Захариев, најпрво ќе бидат префрлени амбулантите од приемно одделени, а потоа и останатите специјалистички гранки.
„Наша цел е да се направи реконструкција и преадаптација за прегледи преку „Мој термин„. Речиси 90% од целата процедура е завршена, имаме пуштено барање до Управен одбор на Фондот за здравство и чекаме одобрување на потребните финансиски средства. Во план ни е процедурата да започне и да се заврши што е можно поскоро„ изјави д-р Владко Захариев.
Во меѓувреме, пред официјално да започне со работа модуларната болница како амбуланти за „Мој теремин“, треба да се заврши околната инфраструктура. Ќе се доизградат неасфалтираните пристапни патишта како и паркинг просторот, со што ќе се олесни пристапот до објектот.
Само минатата година низ сите амбуланти во штипската Клиничка болница се прегледани над 150.000 пациенти, а најголема фрекфренција има на ортопедија и хирургија.
„Ортопедија, хиргија, интерна медицина, неврологија, кардиологија-овде е најголемата гужва. Само до септември 2024 година на ортопедија имало над 24.000прегледи. Тоа се должи на големата заложбата на овие доктори , а ги има само четворица„ изјави д-р Захариев. Штипската
Модуларна болница со работа започна пред четири години, но по завршувањето на пандемијата, се стави клуч на објектот , по што наместо лекари, во неа ординираа крадци и вандали.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет