Гужва, високи цени ама и полни кеси, последен пазар во Штип пред Велигден

Гужва на последниот пазар пред Велигден во Штип. Иако како што велат купувачите цените се високи, сепак и кесите беа полни бидејќи сите купуваа за Велигден. Избор имаше доволно, тезгите полни, производи во изобилие, сите се подготуваа за пречек на најголемиот христијански празник Велигден.

„Малку е поскапо, порано беше 100 денари доматот, сега гледам 120 денари килограм.“ – велат купувачите.

Задоволството беше забележително и кај продавачите. Големата раздвиженост од рано утринава ги празнеше тезгите на пазарот во Штип. Цените според пордавачите се исти како и претходните петоци и се достапни за џебот на граѓаните. Производството дополнително во периодот кој следи ќе се зголемува.

„Има раздвиженост, има побарувачка, поевтино е за денот. Ние продававме лук и кромид, салата. Рано ја продадевме робата, носев 300 везанки кромид, и марула носев салата.“ – велат продавачите.

Домати, краставици, зелена салата, млад кроми и лук денеска беа во центарот на вниманието и се бараа најмногу. На пазарот во Штип се нудеше и боја за јајца, мед и домашна ракија.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет