Алкалоид и Еурофарм Пелистер имаат лесна група во ракомениот Куп на Македонија, Вардар доби потешка група, Радовиш налета одново на Струга!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше одржана ждрепката за групната фаза во Купот на Македонија, со што сега се познати четвртфиналните групи од Купот на Македонија.

Па така во групата еден се Алкалоид, Мулти Есенс, Партизан и Пролет, со што двојките за ова група се Алкалоид со Мулти Есенс, а пак Партизан со Пролет.

Во група два се Еурофарм Пелистер, Куманово, Радовиш и Струга, а двојките се Еурофарм Пелистер против Куманово и Радовиш со Струга.

Во групата три ќе играат Вардар, Бутел, Борец ФЛ и Еурофарм Пелистер 2, а ќе се соочат Вардар против Бутел, додека пак Борец ФЛ со Еурофарм Пелистер 2

Во група четири се екипите на Прилеп, Охрид, Тиквеш, Аеродром, а ќе се соочат Прилеп со Охрид, а пак Тиквеш оди против Аеродром.

Во секоја група се играат по две полуфиналиња, а потоа се игра финале на групата и победникот оди на завршниот турнир. Натпреварите од четвртфиналето на ракометниот Купот на Македонија ќе се одиграат на 26 и 27 април годинава.

Александар Ванев, М-Нет