
Со едноминутен молк започна денешната седница на Советот на Општина Кочани за избор на в.д градоначалник. Две кандидатури за в.д. градоначлник, ветувања, програми, но и низа препукувања, навреди, политика или неполитика, оставки, солзи, пред конечниот избор.
„Се со цел да успееме да внесеме нова енергија, да успееме да реалзираме проекти каде што секој од советниците ќе излезе со своја програма.“ – вели Крствески.
Советничката група на Вмро Дпмне и коалицијата имаа свој предлог за кандидат за в.д. градоначалник, додека од советничката група на СДСМ и коалицијата истакнаа дека нема да имаат свој кандидат, ниту пак дека ќе бараат директорски позиции од новиот в.д. градоначалник.
Од Левица на денешниот совет во Кочани истакнаа дека ќе гласат само ако тоа биде достоинствено за да се избере в.д. градоначалник кој ќе ја врши оваа должност до наредните редовни локални избори.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет