Пролетен велигденски саем на мед најавен за среда, четврток и петок на шеталиштето Ванчо Прќе во Штип

Пролетен велигденски саем на мед најавен за среда, четврток и петок на шеталиште Ванчо Прќе во Штип. Во овие три дена со почеток од 9 па се до 19 часот, граѓаните ќе имаат можност да си купат природен мед и пчелни производи, создадени од длабочините на природата. Штипските пчелари пособено со апел да се внимава при купување, бидејќи има и лажни производители.

Природен мед од фабрикуваниот се разликува по мирис и вкус велат од здружението, затоа граѓаните е неопходно тоа да го препознаваат за да не бидат измамени.

Инаку, претходно пчеларите имаа и есенски саем на мед, кој беше на плоштадот. Сега со новото шеталиште, штипската едносмерна со саемот, повторно ќе биде раздвижена.

Иван Митев, М-Нет