
Трета година по ред Општина Карбинци ќе субвенционира набавка на клима уреди. Станува збор за проект на општината, мерката ќе започне на 1 мај и ќе трае четири месеци, до крајот на месец август годинава. Сите граѓани кои во тој временски период од годината ќе набават клима уреди ќе бидат субвенционирани со 30% ос вкупната сума на климата. Општината за ова мерка издвои 700 илјади денари од Буџетот за граѓаните.
„И оваа година, трета по ред, ќе ја распише мерката за субвенционирање на набавка на клима уреди. Овој повик ќе се објави на 1 мај и ќе трае до крајот на месец август. Во овој период за секоја набавена клима уред граѓаните ќе може да побараат 30% субвенционирање од општината од сумата на самата клима. Во овие две години повеќе од 130 домаќинства во Карбинци добија средства од општината за клима уред“ – вели Паунов.
Критеримуите се едноставни и затоа се повеќе граѓани се одлучуваат да го променат стариот начин на загревање на своите домаќинства однонсо купуваат клима уреди.
„Критериумите се многу едноставни, треба да се биде жител на Карбинци и да се приложи фискална сметка или фактура дека клима уредот е купен во тој период“ – додава Паунов.
Дека мерката дава резултат сведочи минатогодишната заинтересираност, однонсо надминување на одвоениот Буџет, оти поголем дел од граѓаните се одлучиле да купат клима уреди.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет