
Асфалтиран уште еден паркинг простор на улицата Енгелсова во населбата Осми Ноември во Штип. Станува збор за простор кај станбените згради и проект реализиран од страна на Општина Штип по барање на жителите кои живеат во овој дел од градот. Со денешните завршени активности се обезбедуваат нови 55 паркинг места, а општината издвои два милиони и 300 илјади денари. Во меѓувреме продолжуваат активностите на терен во повеќе населени места во Штип. Целта е градот инфраструктурно да се подобри, да се обезбедат доволно паркинг места во сите населби за граѓаните, и да се подобри начинот на живот.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет