Со доделување вредносни ваучери на најдобрите ученици – Роми во Штип се одбележа Денот на Ромите

Со интонирање на Ромската химна и доделување на вредносни ваучери на најдобрите основци, средношколци и студенти Роми денеска се одбележа Светскиод ден на Ромите, 8 Април во Штип. Акцентот и годинава е ставен на образованието, бидејќи од голема важност е да се има соодветно образование со цел понатаму и Ромите да можат да се вработуваат и да бидат конкурентни на пазарот на труд.

„По повод 8 Април, имаме настани со кои го одбележуваме Денот на Ромите. Како и секогаш првиот дел е образованието. Без образование не можеме да бидеме на позиции каде ние ќе одлучиме. Со образованието се овораат и други работни места.“ – вели Шаќиров.

Општината на ваков начин ја стимулира желбата кај учениците, да завршат образование, да се надоградуваат, за понатаму да можат соодветно да бидат вработени.

„Заедно со најдобрите основци, средношколци и студенти Роми, со интонирање на ромската химна и со доделување вредносни ваучери, сакајќи да го стимулираме нивниот допринос, вложувајќи во себе, вложуваат во знаење, во нешто што ќе даде вредност во општеството, а верувам дека тие ќе бидат пример за останатите нивни сокласниици и колеги“ – вели Јорданов.

Учениците се задоволни, велат дека ова за нив значи поттик да продолжат да учат и во иднина.

Меѓународен ден на Ромите е прослава на ромската култура и подигнување на свеста за проблемите со кои тие се соочуваат. Денот службено бил прогласен во 1990 година во Полска, местото каде што се одржал четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата поголема меѓународна средба на ромските претставници.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет