Запленети два автомобили со бугарски регистерски ознаки оти го надминале дозволениот рок за задржување во државата

Запленети два автомобили со бугарски регистерски ознаки оти го надминале дозволениот рок за задржување во државата.

Мобилни царински тимови во соработка со МВР запленија два автомобили со бугарски регистарски таблички, откако истите го надминале законски дозволениот временски рок во кој возило со странски регистарски ознаки може да се задржи на територијата на државата.

Исто така Царински службеници запленија 504 кутии со 126 килограми тутун за наргиле во вкупна вредност од 971.772 денари. Тутунот за наргиле е откриен при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички. Патникот кој инсистирал побрзо да помине поради сомнително однесување е селектиран за детална контрола при што се пронајдени 504 кутии од 250 грама тутун за наргиле со вкупна тежина од 126 килограми.

Запленета е и Ловечка муниција со вкупно 160 парчиња е откриена од страна на мобилен царински тим и службата за мобилен скенер на влез во државата на граничен преми Табановце.  Патникот кој патувал со автомобил на прашање на инспекторите дали има нешто да пријави првично изјавил дека нема ништо за пријавување, но по отпочнување на контролата истиот рекол дека има само еден пар чизми. Инспекторите при вршење на контролата во куферот во багажниот простор освен чизмите, пронајдоа непријавени 160 парчиња ловечка муниција. Против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка.

Мобилен тим на граничен премин Деве Баир при контрола на автобус заплени 133 шишенца со раствор за инјекции , за кои е потребна дозвола за увоз издадена од Бирото за лекови. Непријавените лекови се пронајдени во кеса сместена на патничко седиште и истите биле сопственост на косовски државјанин кој патувал со автобусот.

94 пакувања лекови и препарати за животни, за кои е потребно одобрение за увоз издадена од Агенцијата за храна и ветеринарство,  пронајдени позади седиштето на автомобил со албански регистарски таблички со кој албански државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блато.

Поголема количина лекови за животни е запленета и на граничен премин Богородица, откако истата е откриена во контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички. Патниците кои се враќале од Солун биле прашани дали имаат нешто да пријават, но истите не пријавиле ништо по што поради сомневање е извршена контрола.

Вкупно 91 штеки цигари се запленети во пет случаи откриени од страна на царински службеници на граничен премин Богородица и Меџитлија. Царинските службеници на Богородица на влез во државата при контроли на товарни моторни возила и автомобил, управувани од македонски државјани, во фабричките празнини и под патосниците открија 86 штеки цигари кои не биле пријавени. Дополнително на граничен премин Меџитлија при контрола на автомобил управуван од грчки државјанин се запленети 5 штеки цигари и 300 грама тутун за пушење без акцизни маркички.

Во друг случај мобилниот тим и службата за мобилен скенер при контрола на автомобил  открија и 104 непријавени парчиња облека.

На граничен премин Богородица се запленети 3.600 пара женски обувки со ознаки за познати трговски марки., поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен од мобилен царински тим кој изврши контрола на стока со потекло од Кина.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет