Фаворитот Еурофарм Пелистер 2 започнува против Драчево, Младост во Богданци го чека Мулти Есенс

ФОТО: Александар Ванев, Телевизија М Нет

Започнува борбата во плеј-офот на Првата ракометна лига на Македонија за влез во Суперлигата. Еурофарм Пелистер 2 е прв и главен фаворит за првото место кое води директно кон Суперлигата, а битолчани кои лани испаднаа од Суперлигата плеј-офот го започнуваат со Драчево во гости.

Скопско дерби на Македонија ЃП и Металург РА, во Богданци ќе се игра дерби за второто место кое води кон баражот за можен влез во Суперлигата меѓу Младост и Мулти Есенс.

Екипата на Вардар Неготино како фаворит ќе игра против Јехона на домашен терен, а првата рунда од плеј-офот се отвара денес со мечот меѓу Скопје и Овче Поле.

Во рамки на првото коло од плеј-аутот денес се соочуваат Астраион и Партизна во Струмица и Аеродром против Преспа Вардар, додека пак слободни се екипите на Шампион и Текстилец од Штип.

Александар Ванев, М-Нет