Богат репертоар на претстави нуди штипскиот театар Ацо Шопов за месец април годинава

Богат репертоар на претстави, нуди штипскиот театар Ацо Шопов за месец април годинава. Почнувајки од деветти април со театарската претстава ,,јас на некое друго место“, па се до 29 април со театарската комедија ,,женидба“, тие ќе насмеат штипјани. Низ месецов се предвидени и претставите избувливиот човек, лекција, сите прекрасни нешта и други, за билетите ќе чинат 200 денари. Она што посебно наведуваат од таму е дека монодрамата ,,Избувливот човек“, која е предвидена на 11 април ќе биде хуманитарна претстава, а сите собрани средства од продадените билети ќе бидат наменети за настраданите во пожарот во Кочани. И понатаму штипскиот театар ќе работи на реализација на предвидените проекти од претходниот директор Филип Стевановски, кој загина во трагедијата во Кочани. Сега на негово столче од вчера е назначен новиот в.д директор Пеце Ристевски, кој смело и одговорно ќе продолжо да го раководи театарот на Штип и да ја оживува сцената.

Иван Митев, М-Нет