Превалец пред важен дерби меч, Карбинци гостува во Свети Николе, дерби за првото место во Трета лига – Југозапад

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Утре ќе бидат одиграни натпреваирите од 13. коло на Трета лига – Исток, каде дербито на колото ќе се игра во Свети Николе меѓу Овче Поле и Карбинци, дерби меч за второто место.

Малеш на домашен терен ќе се соочи со Дојранско Езеро, Тиверија и Ударник играат дерби за опстанок од дното на табелата, Брегалница во Делчево ќе го пречека тимот на Светлост од Зрновци, а пак лидерот Слога Виница како голем фаворит на домашен терен ќе игра со Хоризонт Турново.

Во недела се играат натпреварите од 18. коло на Трета лига – Југ. Во рамки на истото Превалец на домашен терен игра важен натпревар против Башкими 2008 кој ќе мора да го добие со цел да остана во трка со лидерот Големо Коњари, кој во оваа коло е слободен. Бучин ќе игра со Влазними Јуниор, Младост во Кривогаштани го пречекува Дреново, Росоман ќе игра со екипата на Питу Гули, а пак Венец ќе игра со Слога Лажани.

Во Трета лига – Југозапад ќе се играат мечевите од 14. коло, а дербито на колото се игра во Дебар каде второпласираниот Кораб ќе игра со лидерот Преспа. Овој меч е важен и за двете екипи во трката за баражот за Втора лига. Демир Хисар на домашен терен ќе има тежок натпревар против фаворитот Сатеска, Света Троица ќе игра со Евротип, Влазними ќе се соочи со Велешта во локално дерби, а пак Кравари ќе го пречека Славеј.

Во Трета лгиа Север ќе се играат натпреварите од 18. коло овде се решени сите дилеми, Шкендија Арачиново оди во баражот за Втора лига, а лидерот во оваа коло ќе игра со Кадино во гости.

Башкими Љуботен против Ржаничино, Фортуна ќе игра со Њу Старс, тим кој се бори за опстанок. Беса Влазрими ќе ја пречека Академија Илинден, Риниа против фаворитот Аеродром, поранешниот прволигаш Еуроомилк против БВК Коњаре, во можеби и најзвучниот меч од оваа коло, а пак Пчиња ќе бара бодови за опстанок против Куманово.

Во Трета лига – Запад ќе се играат натпреварите од 16. коло, а истото ќе се отвори со три натпревари денес, а ќе се комплетира со три натпревари утре.

Џепчишти ќе оди на соочување во Велазерими Слатино, соочување на некогашните прволигаши Напредок и Ренова, а пак Тетекс ќе игра со Зајази. Колото се затвара во недела, а ќе играат Вардар и Камјани во Брвеница, Дрита во Боговиње го чека Влазерими од Кичево, а пак Доброшти против Речица.

Александар Ванев, М-Нет