Дождот добредојден и за земјоделските култури, задоволни се земјоделците

Дождот добредојден и за земјоделските култури, ги задоволи очекувањата на земјоделците. Само во штипско има наврнато околу 110 литри дожд, што ќе биде одраз за добра жетва. Влажноста на почвата според производителите е многу значаен фактор за одгледување на земјоделските култури и за остварување квалитетен принос. Побарувањата од вода се големи скоро кај сите земјоделски култури, а токму овие количества врнежи кои паѓаат и паднаа во изминатите денови, ќе бидат потребни и корисни.

,,До пред 15,20 дена итарицата беше во многу лоша состојба, меѓутоа во последните десет дена има наврнато едно 110 литри дожд во штипско и околината и мислеме дека тоа е многу добро за есенската сеидба на житарицата. Се зголеми водостојот на реките, браната започна да се полни.“,вели Серафимов

Земјоделците се надеваат на плодна година рече Гоце Серафимов, затоа што во моментот климатските услови се поволни за посевите.

“Па да очекуваме годината да биде плодна, сега за сега климатските услови се добри, па натаму ќе видиме.“, додава Серафимов

Инаку, моменталните врнежи од дожд, се од големо значење за земјоделските посеви, и се очекува оваа година да биде поразлична од претходната која се вброи во групата на сушни години.

Иван Митев, М-Нет