
Ракометарките на Астибо забележаа нов пораз во плеј-офот на ракометната Суперлига, откако на домашен терен пред штипската публика со 30:40 загубија од Металург Автокоманда, во меч каде искусната Марија Анчева и Елена Вучевска постигнаа по 11 гола, но не беа доволни за прва победа во плеј-офот на штипските ракометарки. Кај Металург Автокоманда со шест гола прво име беше Стефани Ристиќ.
Ракометарките на Вардар со 33:23 забележаа убедлива победа над Куманово во меч каде Сара Богојеска за победничката екипа имаше 10 погодоци, кај поразениот тим се истакна Сузана Зечевиќ со осум гола.
11-тото коло од плеј-офот ќе се комплетира вечер со дербито меѓу шампионот и лидер Ѓорче Петров и Чаир.
Во рамки на плеј-аутот екипата на Ѓорче Петров 2 со резултат од 22:29 загуби од Пелистер, а пак Шампион на домашен терен доживеа тежок пароз од 19:35 од екипата на Стружанка.
Петтото коло на плеј-аутот ќе се комплетира вечерва со мечот меѓу Деспина и Овче Поле од Свети Николе, а слободна беше екипата на Спартак.
Александар Ванев, М-Нет