Сообраќајот се одвива нормално, но се апелира на внимателност заради можност за појава на одрони

Сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по влажни коловози, известуваат од Автомотосојузот на Македонија. Од таму информаираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Истовремено АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Заради највените врнежи од дожд и краткотрајно невреме стои апелот за внимателност при возењето особено на места каде има можност за појава на одрони во источниот регион.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет