И небото плачеше заедно со граѓаните во Кочани, река од луѓе на мирен протест побараа правда


Солзи, преголема тага, Кочани завиено во црно, граѓаните бараат правда по катастрофалната несреќа. И небото плачеше заедно со граѓаните, река од луѓе денеска во градскиот пар во Кочани запалија свеќа, и гласно побараа правда за сите оние шеесетмина кои гласно пееја за последен пат во дискотеката во Кочани. Родители останаа без своите деца, деца без родители, граѓани изгубија пријатели, роднини. Знамињата на пола копје.

„Знам пријатели кои беа, некои од нив се вратија ама не можам да ја опишам оваа болка. Потресна ситуација, се надевам дека Господ ќе ни даде сила да го пребродиме ова“ – велат граѓаните.

Мирниот протес кој започна во паркот на револуцијата во Кочани, продолжи со марш кочанските улици, граѓаните беа до општинската зграда, а ситуацијата ескалираше кога беше демолиран вториот објект на сопственикот на дискотеката во Трговскиот центар во Кочани.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет