
Со полни раце работа, стручната помош во училиштата во Штип ќе работи на менталната ситуација на учениците, со цел полесно прифаќање на трагедијата во која загинаа нивните сокласници, другари и блиски. Педагогот при штипската гимназија Славчо Стојменски, Тања Кокотова вели дека допрва ќе следи нивната стручна работа во делот на справување со кризи, губење на блиски личности, исфрлање на бес, гнев и изразување и соочување со сопствените емоции. Рече дека потребно е учениците да не се осамуваат, да се дружат, да излелегуваат во природа, да си даваат поддршка едни а други, со што сплотено да го надминат тешкиот период.
Покрај педагозите и професорите потребно е и родителите да внимаваат на своите деца. Доколку забележат било какви промени, потребно е ги известат стручните служни во училиштето рече Кокотова
Ситуацијата со која моментално се справуваат учениците кои изгубиле некој во трагедијата е кризна и емотивна, физизички, идеолошка и ментална и за да истата се надмине потребно е многу работа и комуникација. Според педагозите најпрво е потребно соочувањето, а потоа да се работи на било кое поле во кое учениците се слави, за да се разреши истото.
Иван Митев, М-Нет