Штипските средношколци со протест и марш низ улиците порачаа „Секој еден може да е следен“

Штипските средношколци со протест и марш низ улиците порачаа „Секој еден може да е следен“

Со сликите на починатите Дамјан Даневски, Филип Ивановски, Драгана Минова и Стефанија Соколовска од средното медицинско училиште„Јане Сандандски“ во Штип кои починаа во несреќата во дискотеката во Кочани се одржа едночасовен протест и марш . Извикувајки „Секој еден може да е следен“, Бараме правда за сите виновни“, „Државата тоне“ „Убиство“, „Смрт за корупцијата“ протестот беше проследен, а истиот се очекува и утре во исто време. Почнувајќи од Градскиот плоштад „Слобода“, марширајќи низ улиците и застанувајќи пред зградата на Општина Штип, каде што извикуваа „Секој еден може да е следен“, „Убиство“.

Александра Вуканова ученичка во СОУ „Јане Сандански“-Штип во говорот на Градскиот плоштад „Слобода“ пред своите сокласници и ученици од другите средни училишта во Штип порача:

-Денеска сме овде ќе ги сплотиме сите наши сили и ќе се бориме до крај, за сите наши другарчиња, за сите наши идоли, за сите наши колеги, родители ќе се бориме до крај. Ова нема да остане неказнето, сите мора да ја добијат својата казна, рече Вуканова.

Таа истакна дека доколку сме сите заедно, сите до крај сплотени, сигурно ќе добиеме нешто и какошто рече „ќе се бориме до крај за сите наши идоли. Најави дека и утре ќе имаат протест во Штип.

-Да, утре повторно сакаме да имаме протест, со цел да добиеме нешто, воновните да добијат казна за сите свои злосторства, коишто се ги направиле, изјави Вуканова.

Средношколците низ штипските улици се движеа со транспаренти на кои беа испишани пораките „Бидете ангели на небото, какошто бевте и на земјата“, „Дискотека пулс го сопре пулсот на цел еден млад свет“, „Тагата е наша, вината е ваша“, „Убиство на младината е убиство на иднината“

Иван Митев, М-Нет