
Цвекето најсимболичен подарок и за наставничните. Учениците од Штип подготвени со прегратка да го честитат мегународниот ден на жената 8-ми март. Повозрасните анкетирани велат дека скромноста е мајка на љубовта, па затоа цвекето е доказ за нежност и покажување внимание.
Времињата се различни и променети велат анкетираните, па ако некогаш подароците беа побогати, денес се поскромни. Економската ситуација, причина за да и цвекињата бидат луксуз за жените.
Инаку, цените на свежото цвеке годинава се движат од 50 до 300 денари, во зависност од видот на цвекето. Најмногу во Штип за сега се бара ружата и каранфилот, кој во изоблие се среќаваат во сите агли на градот.
Иван Митев, М-Нет