Цвеќињата достапни и на пазарот во Штип, од 50 денари па до 300 денари се нудеа осмомартовските цвеќиња

најразлични беа достапни за сите граѓани кои сакаа да купат. Произведувачите велат дека цвеќињата за Осми март се засеани уште во ноември минатата година, а нешто подоцна се сеат пролетните цвеќиња кои ќе се продаваат по 20 март.

„Уште од ноември месец, има цвеќиња од ноември месец што ги имаме посеано. Имаме различни сорти, сега ова е осмомартовско, а потоа ќе почнат и пролетните цвеќиња.“ – велат огледувачите на цвеќиња.

Цената зависи од квалитетот и од видот на самото цвеќе. Пролетните цвеќиња се поевтини, а цвеќињата за Осми март се со различна цена, во зависност од тоа дали станува збор за ружа или пак салонско цвеќе.

„Цената зависи од цвеќето има од 50 денари па нагоре. Зависи од цвеќето од квалитетот. Сега осмомартовските бидејќи имаме и салонски и други цвеќиња тие се со повисоки цени, додека пролетното е поевтино.“ – додаваат тие.

И на големо денеска се купуваат цвеќињата, мал гест со кој се оддава поголема почит на жените.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет