Со донација на книги од различни жанрови, професорите на СОУ,,Јане Сандански“ создадоа акција со цел отргнање на младите од телефоните

Со цел средношколците се отргнат од дигитализацијата и вештачката интелегенција, денес професорите од СОУ Јане Сандански Штип, спроведоа акција со донација на книги од различни жанрови, кои од денес ќе бидат достапни за сите ученици во самото училиште.И како што секоја година по повод денот на жената професорите добиваат симболични подароци, оваа година и тие решија да допридонесат литература за учениците, сакајки да им овозможат подобро и поквалитетно време во училиштето. Директорката Марија Николиќ со став оваа акција прерасне во поголема во нашето општество.

“Водејки се по таа инцијатива на денешното време, кога младите се преоптоварени со дигитализацијата и вештачката интелегенција, чувствуваме одговорност пред се како наставници, како мајка, како жени дека можеме да допринесеме да децата, колку што можеме да ги отргнеме од дигиталниот виртуелен свет, свесни сме дека самото време наметнув да бидеме дел од дигитализацијата, но истата да биде во умерена и контролирана форма. Денес преку акција на донација на книги од страна на наставниците на нашето училиште ке овозможиме децата да имаат пристап до литертаура, не само стручна, туку да можам во рамки на училиштето да во секое време имаат достапност до книгата.“, вели Николиќ

Овој настан нека да биде поттик за сите кои што сакаат да донираат литература вели Николиќ, додавајки дека намокното оружје за младите е образованието и литературата

Инаку, ова учиште во следниот период ќе спроведува и предавање заедно со невладината организација за профилот забни техничари, со учење на нови методи од експерти. Профилот фармацевски техничари имаат активност за третман и лекување на акни, а покрај тоа сите ученици се подготвува и за презентирање на основците на самото училиште, како и редица активности за стекнување знаења на идните лекари.

Иван Митев, М-Нет