
Осогово се израдува на првиот пролетен триумф откако на тешкото гостување со голот на Жоглев, „жетварите“ на Крсте Крстев со минимлани 0:1 триуфираа над Детонит Плачковица, а во рамки на денешното 19. коло во Втората лига.
Деби победа за новиот тренер на Брегалница, Ристе Наумов, откако „сините“ со 2:0 славеа над Вардарски, во меч кој го следевте на М Нет телевизија.
Калпачки погоди во првиот дел за 1:0 на полувреме, а тоа за него беше шесттиот сезонски гол, а во вториот дел само што влезе во игра Стојан Попоски погоди за конечни 2:0.
Минимална победа со голот на Затуроски забележа Охрид над Вардар Неготино, а пак Скопје со голот на Митревски го доби Кожуф во Гевгелија.
Башкими преку пресврт славеше победа над Беласица во Струмица, откако Коцев во 52. минута погоди за 1:0, потоа Саити во 56. минута израмни на 1:1, а Алексовски во 84. минута сврте на конечните 1:2.
Пресврт победа забележа и Борец откако славеше со 2:1 над Каменица Саса, која преку Димоски го отвори резултатот, а потоа Османи со два гола ги постави конечните 2:1.
Лидерот Македонија ЃП со 4:0 го декласираше Новаци преку погодоци на Велкоски, Христов и двата гола на Маркоски.
Арсими со голот на Аљбин Рамадани беше минимално подобар од Победа (1:0).
Македонија ЃП е на врвот со 44 бодови, Башкими е втор со 42 бода, Брегалница е трета со 40 бодови, Арсими е четврти со 36 бодови. На дното е Вардарски со пет бодови, Борец е претпоследен со 10 бодови, а пак Осогово е во бараж зоната односно на 14. место со 13 бодови.
Александар Ванев, М-Нет