
Македонската футсал репрезнетација се подготвуав за двата натпревари кои ќе ги одигра од квалификациите за Европското првенство. Веќе во петок на 7. март на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје против Холнадија, додека пак во среда на 12. март нашата репрезентација ќе игра против Андора на гостински терен.
Селекторот на македонската футсал репрзентација, Васко Скендеровски за двата квалификациски натпревари се одлучи на голманската позиција да ги повика Антонио Петровски, Иван Стојановски и Никола Спасовски.
Во одбраната ќе бидат Зоран Левески, Марио Благојевски, Садат Зибери, Драган Петровиќ и Виктор Димков, а пак во нападот се повикани Таулант Исмаили, Бојан Јанев, Јакуп Рамадани, Берат рамадани, Мартин Тодоровски, Еркан Сефери и Лазар Пеев, а за пикер е повикан Иван Крстевски.
Македонија е во групата седум со само еден освоен бод и се наоѓа на четвротот место. На врвот со максимални 12 бодови е Португалија, втора е Холандија со пет бодови, Андора е трета со три бодови.
Александар Ванев, М-Нет