Цената на свинското месо жива намалена трипати за само два месеца

Цената на свинското месо жива мера од Нова Година до сега е намалена за три пати. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека во моментов цената на свинското месо жива мера изнесува 110 денари и со ДДВ е и до 118 денари. Тој посочува дека поголемите производители на свинско месо се договориле да ја намалат цената, но дополнително влијаат намалената потрошувачка за време на Велиденските пости, но и забраната за увоз на свинско месо.

Да речееме од 160 денари сега е 110 денари. Уште пред Нова Година се договорија поголемите производители на свинско месо да ја намалат цената. Сега имаме забрана за увоз на свинско месо, а цената која ја имаме во моментот е прилично добра.“ – вели Серафимов.

Во моментот се прават стратегии со цел цената на свинското месо да биде исплатлива и за одгледувачите на свињи.

„За сега мислам дека тука некаде сме но оди во тренд на намалување. Но треба да имаме стратегија за да имаме тренд на зголемување на оваа цена“ – вели Стојкоски.

Бројот на свињи во земјава не е намален, туку какошто рече Серафимов можеби е и зголемен во овој момент.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет