
Инфлацијата непрекинато расте, па на едно домаќинство му се потребми три минимални плати за да го преживее месецот – истакнаа денеска на прес конференцја од ОО на СДСМ Штип. Како што велат од таму граѓаните плаќаат двојно за основни намирници, сметките за струја и греење се товар што ги гуши домаќинствата, а платите – мизерни.
Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите и тие го носат целиот товар на неспособната власт. Трошоците за живот во јануари пораснаа за 4,9 % , а индексот на цени на мало за 5,2 % , додека инфлацијата непрекинато расте. На едно домаќинство му се потребни три минмални плати за да се покријат основните трошоци, мачејќи се како да го преживеат месецот. Додека функционерите живеат во луксуз, народот брои денови до следната плата поради нивната неспосбност. Сето ова доведува до зголемување на сиромаштијата и намалување на квалитетот на живот.“ – вели Вереса.
Од ОО на СДСМ Штип бараат поголема одговорност и помош за граѓаните да можат да живеат нормално.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет