Младата Сара Једличкова од Штип, а со многугодишно живеење во Чешка, денес организатор на еколошка акција

Вратена од Чешка за да ги наполни батериите за само една седмица во Штип, младата Сара Једличкова денес беше организатор и на еколошка акција на Исарот во Штип. И додека уживала пешачејки во градот со нејзиниот братучед, забележала смет и отпад на исарот, па решила да создаде акција со која местото ќе блесне. Па од мисла, дури и до реализација, денес со масовна посета од училиштата и децата вклучени во акцијата.

Настанот масовно го поддржаа и учениците од ОУ Ванчо Прќе, кој со голема желба и љубов кон татковината, денес беа вкучени. Истакнуваат дека не е потребно многу, туку само ракавици и кеса за отпадоци.

Инаку, Сара во Штип е само родена и првиот јазик што го научила е токму мајчиниот македонски. Од кога се пресеилила да живее во Р.Чешка, таа многу ретко зборува македонски, бидејќи тоа не го бара околината, ама кога се враќа овде, таа го зборува како овде и да живее.

Иван Митев, М-Нет