Тесна победа за кошаркарките на Соколи против Охрид, Ангели го декласираше Црн Дрим, нов пораз за Борец!

Тесна победа за Соколи на гостувањето кај ланскиот прволигаш Охрид, во рамки на 15. коло на Втората кошаркарска лига каде штипјани беа подобри со 82:85, но најважното е остварено, а тоа е победата. Соколи со овој триумф и натаму го држи првото место на табелата.

Охрид се покажа како незгоден противник и сакаше да дојде до победа против лидерот од Штип, но сепак штипјани на крајот се израдуваа на нова победа.

Наместо дерби убедлива победи на Ангели против Црн Дрим од 124:76. Ова беше најубедливата победа во рамки на 15. коло каде наместо дерби на конкурентите за Прва лига, тимот на Ангели забележа убедлива победа.

Гостинска победа во Прилеп забележа тимот на Водно Санс откако триумфираше против Мега Баскет со 75:99, а пак Маџари однесе победа против Струмица со 91:71 односно 20 поени разлика.

Борец на домашен терен забележа нов пораз овој пат од вториот тим на МЗТ Скопје со резултат од 90:93.

Екипата на Бутел однесе висока победа од 40 поени разлика триумфирајќи со 91:51 над Работнички 2018.

На врвот од табелата останува Соколи со 28 бодови, Ангели е втор со 27 бодови, а толку има и Маџари кој е трет. На 4. место е Борец Баскет со 24 бодови, а толку има и Црн Дрим кој е петти. На дното со 17 бодови е Работнички 2018.

Александар Ванев, М-Нет