
Бела, сирна или сиропусна седмица е седмицата пред Прочка во чии денови не се јаде месо, туку се јадат млеко, јајца и продукти што ги содржат нив. Со месото се опростуваше претходната недела, кога последно се јадеше месо, од оваа седмица со останатите продукти со животинско потекло, па од понеделник наречен како чист понеделник започнува велигденскиот пост.
Оваа недела домакинките подготвуваат баклави, се купуваат портокали и верниците си опростуваат еден на друг, се со цел ги очистат душите и со чистина го започнат постот од понеделник.
Прочка или велики поклади е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Прочка подвижен празник, датата му се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која треба да го следи примерот на Исуса Христа за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето. Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.
Иван Митев, М-Нет