
Во рамки на 4. коло од втората фаза на Првата одбојкарска лига на Македонија, одбојкарите на Штип УГД забележаа нова висока и убедлива победа против Борец од Велес со 3:0 во сетови.
Избраниците на тренерот Кристиан Ристески немаа многу проблеми да ја оправдата фаворитската улога и со максимален ефект да го добијат натпреварот кој се играше во спортската сала „Јордан Мијалов“ во Штип, а притоа штипската публика да ужива во уште еден добар натпревар и да се радува со одбојкарите на нова победа.
Во првиот сет штипјани беа подобри со 25:19, а пак вториот сет штипскиот клуб го доби со убедливи 25:16, додека пак во третиот сет заврши со резултат од 25:18.
Шампионот Струмица со 3:0 забележа победа против Шкендија, во меч каде струмичани се намачија особено во вториот и третиот сет. Првиот сет заврши со 25:19, вторито со 25:22, а третиот со 25:23.
Работнички беше поразен на свој терен од Универзитет Тетово со 0:3 во сетови, со 21:25 во првиот и вториот сет и 20:25 во третиот сет.
Сушево на свој терен однесе висока и убедлива победа над Јанта Волеј со 3:0 во сетови за 25:13, 25:19 и 25:15 во последниот сет.
Вардар на свој терен беше поразен од екипата на Скопје со 0:3 во сетови. Првиот сет заврши со 15:25, вториот со 19:25, а пак третиот сет со 22:25.
Понеизвесен меч имаше меѓу Лирија и Македонија Џио каде домашниот состав беше подобар со 3:1 во сетови. Првиот сет заврши со 25:17 за домашниот тим, а потоа гостинот вториот сет го доби со 21:25 за 1:1 во сетови. Во третиот сет Лирија беше подобра со 25:23, а пак последниот сет заврши со 25:16 за конечни 3:1 во сетови.
Александар Ванев, М-Нет