
Лепче, локум, пченица и вино, граѓаните спремаат за раздавање по повод денот на мртвите или во народот познатата Задушница. Од ова попладне, по традиција како некогаш, граѓаните ќе разделат леб и локум во спомен на починатите, потсетувајќи ги и спомнувајќи. Тие велат пред овој празник, многу често и ги сонуваат, па затоа остануваат доследни на традицијата.
Иако примањата се слаби според граѓаните, тие сепак велат нема да го изостават раздавањето за денот на мртвите. И оваа задушница кој колку има.
Инаку, првата задушница од годината се паѓа секогаш седмица пред празникот Прочка и истата е позната како Прочкена задушница. Без разлика кога и да е задушницата, таа секогаш е исто во сабота, па затоа во народот секогаш постои верување дека сабота е ден на мртвите.
Иван Митев, М-Нет