Пензионерите бараат промена на раководството и јасен став од Владата какво ќе биде покачувањето на пензиите во септември

Владата и државните институции да се изјаснат какво зголемување на пензиите ќе има од 1 септември годинава, побараа денеска на прес конференција пензионерите од повеќе градови. Од Штип истакнаа дека треба да е јасно дали покачувањето ќе биде линеарно или процентуално, а во меѓувреме го искажаа и револтот од Здружението на пензионери и актуелната претседателка.

„Затоа сме собрани да покажеме револт, не само кон сојузот на пензионери, туку и на други институции. Треба јавно да излезе Владата и да покаже какво ќе биде покачувањето од 1 септември оваа година“ – вели Митев.

Бараат нејзина оставка, односно промена со цел како што велат новиот претседател да биде избран од страна на пензионерите. Дополнително ветуваат дека со ново раководство ќе биде зголемена опремнината за починатите од 35 на 50 илјади денари.

Дел од присутните пензионери го искажаа својот револт и заради непризнавањето на нивните здруженија, како на пример преставниците од Конче.

„Ова раководство мора да си оди, и следното раководство кое ќе дојде ќе биде бирано и опремнината за пензионерите починати на фамилијата ќе бидат зголемени на 50 илјади денари“ – вели Станојков.

Дел од пензинерите не можат да прошетаат ниту во Македонија, немаат пари за лекови или се сами. Ваквата слика јасно зборува за ситуацијата во која се наоѓаат голем дел од македонските пензионери со ниски примања, вели преставникот од Скопје.

Пензионерите минатата година неколкупати излегуваа на протести додека да го добијат линеарното покаќување на пензиите од пет илјади денари, 2500 денари минатата година, и уште 2500 денари треба да добијат со мартовската пензија.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет