
На јавната трибина „Штип сака кошарка“ која се одржуваше во Дом на млади, во организација на КК Соколи, а која имаше за цел подобрување на состојбата со кошарката, развојот на младинската кошарка и амбициите и плановите на КК Соколи.
Еден од предлозите на ова јавна трибина беше и формирање на Општинска кошаркарска лига во младински категории во Штип, каде би се натпреварувале младите кошаркари од градот, а ова идеја ја поддржува и градоначаникот на општина Штип, Иван Јораданов.
„Еве како еден позитивен исчекор во подобрување на состојбите идејата ја поддржувам за општинска кошаркарска лига во младински категории. Која што може општина Штип комплетно да ја финансира и со буџет и со покривање на сите трошоци поврзани за одржување на таа општинска младинска кошаркарска лига, која што ќе ги сплоти сите млади деца којшто тренираат и играат кошарка“, рече градоначалникот Јорданов.
Развојот на младинската кошарка е важен сегмент пред се и во развојот на младите кошаркари, кои во иднина би биле дел и од сениорската кошарка, а КК Соколи кој е на добар пат од следната сезона да стане прволигаш, ќе има база од каде ќе може да црпи млади играчи.
Александар Ванев, М-Нет