Зошто повеќе се инвестира во машкиот, отколку во женскиот ракомет во Македонија?

Ако се направи една паралелна на вложувањето односно инвестирањето во машкиот и женскиот ракомет во Македонија тогаш дефинитивно вложувањата од аспект на финансии кај машкиот ракомет се значително поголеми.

Ова беше едно од прашањата кое го дискутиравме во спортскиот магазин Трибина со тренерот на ракометниот клуб Астибо од Штип, Дејан Величков.

„Секогаш сум се прашувал зошто тоа е така што еве јас сум машно, но еве работам во женскиот ракомет и сакам да го развивам женскиот ракомет. Никогаш не сум доаѓал до одговор и ми било чудно зошто е така. Еве тоа е така зошто се инвестира многу повеќе, значи многу повеќе се инвестира во машкиот ракомет. Да, машкиот спорт е доста популарен зошто еве во спортот нели тоа е одамнина машки се поцврсти, појаки, секогаш биле од старо време дека тие треба да спортуваат да бидат доминантни. Но, сега со самиот тек, со самиот развој на светот, тоа веќе не е така дека треба да се вложува и да ја има таа родова еднаквост, застапеност како во машкиот спорт така и во женскиот спорт инвестициите да идат напоредно“, вели Величков во Трибина.

Кај машкиот ракомет веќе имаме екипи кои имаат по десеттина пати поголеми буџети во однос на женскиот ракомет. Високи буџети имаат Алкалоид, Еурофарм Пелистер, Вардар, Охрид, секако и другите екипи како Бутел, Тиквеш и останатите екипи, кои покрај тоа имаат и значително подобрени услови за работа, за тренинг.

„Сега, еве ќе кажам во Македонија во државата, но и во општината, ние како го поделиме буџетот што го добиваат машките клубови сме една десетина од буџетот на општините. Со тоа самото кажува зошто е тоа така. Пред се не велам дека е само тоа, туку треба и ние што работиме во женските спортови, јас секогаш сум и во федерација и со колегите да имаме свои трибини, да ги најдеме негативностите да ги искажеме да ги ставиме на хартија, да ги извадиме и да ги согледаме и да работиме на тоа за подобрување. Зошто само на тој начин можеме да напредуваме кога ќе ги согледаме негативните работи“, вели Величков, во неговото гостување во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија.

Вложувањата кај бизнис секторот во машкиот ракомет е значително поголем, а тоа секако влијае врз квалитетот и на самата Суперлига, во однос на женскиот ракомет.

Александар Ванев, М-Нет