ЖФК Кочани се засили со три фудбалерки, претставени Кицара, Јовевска и Салтирова

Екипата на Кочани која се натпреварува во Втората женска фудбалска лига за пролетната полусезона каде ќе цели кон потврда на првото место и со тоа да се врати во Првата лига, се засили со три фудбалерки.

Се работи за Џенита Кицара, Сара Јовевска и младата Ива Салтирова.

Кицара која има 20 години доаѓа од редовите на Шкендија од Тетово, има настапувано и за екипата на Скопје и Борец од каде и ја започна својата кариера, 19-годишната Јовевска пристигна од велешки Борец, 17-годишната Салтирова пристигна од прволигашот Каменица Саса, а беше дел од Тиверија Брера и Цевитана од Прилеп.

Екипата предводена од Оливер Јовановски е на врвот од табелата со максимални 21 бод, односно Кочани во есенскиот дел забележа седум победи на седум натпревари. Во пролетната полусезона екипата на Кочани ќе биде прва и главен фаворит за потврда на првото место и со тоа ќе се врати по неколку сезони во Првата женска фудбалска лига.

Екипата на Кочани пролетната полусезона ја отвара против Билјанини Извори на домашен терен.

Колку за потсетување во Втората женска фудбалска лига на Македонија настапуваат осум екипи, кои играат во двокружен систем со по седум кола во една полусезона за вкупно 14 кола, првопласираната екипа обезбедува директен влез во Прва лига, а пак второпласираната екипа на табелата во Втората лига игра бараж за влез во Првата лига со прволигашот кој ќе биде претпоследен на табелата.

Александар Ванев, М-Нет