
Запалени оџаци, но и пожари на отворено се најчестите интервенции на ТППЕ Штип овој период од годината. Со оглед на фактот дека грејната сезона не е завршена, чести се запалените оџаци, но подготвувањето на нивите за сеидба и палењето на стрништата се слика која секоја година се повторува. Штиските пожарникари на пожар на отворено најчесто интервенираат во Општина Карбинци.
„Грејната сезона уште не е завршена. Во текот на овој период имаме интервенции на запалени оџаци и веќе е сезоната каде се подготвуваат нивите за сеидба, па чести се и пожарите на отворен простор. Ние како ТППЕ ја покриваме и Општина Карбинци каде што поголем дел од интервенциите на отворено ни се во Општина Карбинци“ – вели Ренџов.
Кога е во прашање подготвеноста за летната сезона, Ренџов вели дека располгаат со добро подготвен кадар на пожарникари, а изминатиот период се набавени и нови возила и опрема за пожарникарите за да можат да делуваат на секаков вид пожар. Водејќи се по примерот од претходната година, вели да не се повтори, но во секој случај тие се подговени.
„Ланската година за нас пожарникарите беше многу тешка година. Секојдневно имавме од четири до седум интервенции на запалени шумски површини и стрништа и бевме ангажирани 100% од наштето работно време. Оваа година иамме набавка на уште едно возило, а имаме и метли, гребули и мислам дека сме со добра стандард“ – додава Ренџов.
Останува апелот до земјоделците да не ги палат своите ниви, бидејќи со појава на ветер може да избувне поголем пожар и поголема интервенција. За запалени стрништа и ниви пријави има и во билтенот на полицијата, но одговорноста и понатаму останува на земјоделците.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет