Ракометниот клуб Текстилец од Штип се засили со Роберт Миланов и Јован Атанасовски, деби на тренерот Бобан Попов

Ракометниот клуб Текстилец УГД од Штип за вториот дел од сезоната во Првата ракометна лига се засили со двајца нови играчи. Се работи за повратникот Роберт Миланов кој одново ќе го чува голот на штипскиот клуб, како и Јован Атанасовски кој доаѓа од Борец од Велес.

Голманот Миланов минатата полусезона беше дел од суперлигашот Радовиш, а сега одново се враќа во својот матичен клуб, додека пак Атанасовски претходната полусезона настапуваше за екипата на Кичево.

Текстилец вториот дел од сезоната ја отвори денес против Младост од Богданци, каде гостинскиот тим беше фаворит и ја оправда фаворитската улога, а деби на тренерската клупа имаше Бобан Попов, кој е нов кормилар на тимот.

Текстилец ова сезона ќе настапува во плеј-аутот на Првата лига, а за следната сезона штипскиот клуб ќе се обиде да состави тим со кој ќе атакува на плеј-оф во Првата лига.

Александар Ванев, М-Нет