Во текот на месецот ќе биде официјализиран договорот помеѓу Општина Карбинци и ХС Злетовица

Во текот на месец февруари ќе биде официјализиран договорот помеѓу Општина Карбиннци и хидро системот „Злетовица“. Практично водата во општината се користи, но како тест период за обете страни, истакна градоначалникот Виктор Паунов за М-Нет телевизија. Целта на овој тест период е да се решавање и отклонување на прекините, вели тој, па од кога ќе биде официјализиран договорот да нема никакви потешкотии.

“Ние веќе практично го користиме хидро системот Злетовица извесен период, но го насловивме како еден тест период и за хидро системот, но и за нас како краен корисник, затоа што нашата филтер станица, која што беше изградена во минатото имаше многу недостатоци, кои што не ни дозволуваа непречно да ја користиме водата, затоа го направивме тој тест период и имаше многу често прекини изминатата година се со цел отклонување на овие недостатоци, за да можеме кога ќе кажеме дека официјално ја користиме оваа вода, дека јна навистина користиме, без потешкотии. Така што ние да веќе ја користие оваа вода, но постојат и постоечките бунари системи, кои што се во добра кондиција и форма и се користат повремено.“, вели Паунов

Во одлична ситуација се и постоечките бунари во општината, изјави Паунов, па доколку во иднина би имало некаква пречка од филтер станицата, тогаш водоснабдувањето ќе се врши преку бунарите.

“Насокоро да во овој тековен месец ќе ја информираме јавноста дека тој договор е склучен и започнува со користење. Договорорт е веќе потпишан и спремен, меѓутоа официјализирањето ќе го објавиме многу скорo.”, додава Паунов

Инаку, догворот помеѓи Хидро системот ,,Злетовица“ и Општина Карбинци веќе е спремен и потпишан, па од кога наскоро ќе завшри самиот пробен период, официјално ќе се објави самиот договор.

Иван Митев, М-Нет