
Средношколците пред да се запишат на факултет ќе имаат можност да следат беспалтни часови по математика, физика, хемија и биологија. Со ваквите активности на штипскиот универзитет Гоце Делчев се работи на подобрување на резултатите на државна матура кај средношколците, но и зголемување на интересот за техничките факултети. Штипскиот Универзитет ја стартуваше програмата „Иницијатива за идни научници„ со која на матурантите до мај ќе им помогне да ја совладат материјата, но и да се наоружат со знаења, кои ќе им бидат потребни за нивното понатамошно академско доусовршување. Наставата ќе се одвива на Универзитетот и ќе ја држат универзитетски и професори од средните училишта.
„Идејата е преку по предметите како што се математика, биологија, физика и хемија им овозможуваме на студентите поддршка. Интерес има па ќе се обидеме да бидеме да напарвиме услови и идните средношколци да имаат поддршка уште пред запишување на универизитетот.“ – вели Мираковски.
Доколку има поголем број заинтересирани ученици ќе се зголеми и бројот на групи за настава, потенцираше Мираковски. Додава дека високите оценки на државната матура за студентите, значи поголема можност за запишување на програмите за кои се одлучиле. Првичната идеја беше да се опфатат природните науки, но во пракса се покажа дека интерес има и за македонски и англиски јазик, па како што вели Мираковски се прават напори за да се опфатат и тие предмети.
„Треба да покажат само интерес, има две професорки од факултетот по информатика за контакт. Во зависност од бројот на заинтересирани ученици, ќе се организираат соодветен број на групи за настава“ – додава Мираковски.
Наместо зголемување, секоја година има благо намалување на просечната оценка на државната матура. Лани, средната оценка беше 3,25, а за да се обезбеди поголема контрола во тестирањето и да нема препишувања, полагањата беа организирани во холовите и спортските сали во училиштата. Годинава државна матура ќе се полага во амфитеатрите на штипскиот универзитет.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет