
Прволигашот Воска Спорт го претстави Дарко Грозданоски како најново засилување, кој доаѓа од редовите на Кожуф каде беше најдобар играч, а прволигашот од Охрид ќе води борба за опстанок во Првата лига.
Новото засилување на Воска Спорт потекнува од младинскиот тим на Црвена Звезда, а беше дел и од Прва Искра во Србија, во Црна Гора настапуваше за Грбаљ, а во Македонија беше дел од Тиквеш, Победа, Беласица и Силекс.
Воска Спорт в недела на домашен терен ќе ја пречека Беса во дербито за опстанок во ПМФЛ.
Александар Ванев, М-Нет