
Во сабота ќе бидат одиграни натпреварите од 4. коло на плеј-офот во женската ракометна Суперлига.
Екипата на Астибо во спортската сала „Тошо Арсов“ во Штип ќе го пречека Вардар во дуел каде и двете екипи ќе ја бараат првата сезонска победа.
Астибо е со три порази од три натпревари во плеј-офот, а пак Вардар е со реми и два порази, ова ќе биде дуел каде и двете екипи гледаат шанса за триумф во плеј-оф сегментот.
Астибо ќе биде во блага предност поради домашниот терен и секако поради поддршката од публиката, а токму таа предност Астибо ќе сака да ја искористи и со триумф ќе има идеална шанса да се искачи до четвртото место, бидејќи Куманово го очекува тешко гостување против шампионот Ѓорче Петров, каде сигурно е дека „лавиците“ ќе триумфираат.
Лела Јашар и Викторија Прентоска од Скопје ќе бидат задолжни да ја делат правдата во Штип, во меч кој ќе започне во 12 часот.
„Лавиците“ ќе бидат големи фаворити против тимот на Куманово, кој исто како Вардар и Астибо нема триумф во плеј-оф сегментот. На овој меч кој започнува во 17 часот правдата ќе ја делат Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје.
Дербито на колото ќе го одиграат Чаир и Метарлуг Автокоманда, каде тимот од Автокоманда е перфектен со три од три, во однос на Чаир кој има еден пораз и две победи.
Ова ќе биде дерби кое ќе решава околу второто место на табелата. Металург Автокоманда е втор со седум бодови колку што има и лидерот Ѓорче Петров, а пак Чаир е трет со пет бодови.
Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов од Скопје ќе бидат задолжение за да ја делат правдата дербито на колото кое стартува во 18 часот.
Александар Ванев, М-Нет