ФИФА им забрани нови играчи на Бреганица и Шкупи, Воска Спорт го плати долгот и повеќе не е блокирана од ФИФА!

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ја објави листата на клубови кои имаат забрана за трансфери, а на истата листа се македонските клубови Брегалница и Шкупи.

Забраната за нивни трансфери е за следните три преодни рока, а не е познато односно нема информации зошто се забраните, но најчесто ваквите забрани доаѓаат поради ненаков долг кон играч или тренер, а забраната доаѓа по нивна пријава.

На листата беше и охридскиот прволигаш Воска Спорт, но клубот по неколку денови беше тргнат од оваа листа на забрана за трансфери, откако раководството на клубот го реши проблемот, па со тоа клубот ќе може да регистрира нови играчи.

Но, на листата остануваат Шкупи, кој најави дека ќе го реши проблемот, а сега на истата листа е и штипска Брегалница.

Забраната Брегалница ја има добиено на 24. јануари годинава, како што е наведено на листата објавена од страна на ФИФА.

Како тоа ќе се рефлектира врз амбициите на Брегалница за враќање во Првата лига, со оглед на тоа што е на второто место во Втората лига и за што точно се работи и како Брегалница ќе реагира останува да видиме.

Александар Ванев, М-Нет