
Срамота и греота е ова што го прават трговците и денес нема влегување. Револтирани граѓаните на Штип и денес втор петок ги бојкотираа маркетите. Цените ги нарекоа оган скапи , па едногласно велат дека трогвците со ова, водат инает, но сепак тие и понатаму ќе си го барат своето.
Револтираните граѓаните на терен велат дека драстични зголемени цени забележале во текот на оваа недела, иако претходната имаше исто бојкот.
Минатонеделниот бојкот веќе покажа ефект – според податоците на УЈП, на 31 јануари 2025 година, прометот во осумте најголеми ланци на маркети паднал за 46,59% во споредба со претходниот петок. Сепак, голем дел од граѓаните ги направиле своите набавки следниот ден, што резултирало со пораст на прометот за 11,3% во саботата.
Иван Митев, М-Нет