
Штипскиот одбојкарски клуб Младост УГД остана без Тинатин Жгенти, грузиската репрезентативка, која во првиот дел од сезоната беше дел од штипски клуб, а во вториот дел од сезоната ќе настапува во тимот на Струмица Жени.
22-годишната одбојкарка е член на репрезентацијата на Грузија, со искуство настапувајќи за германскиот тим Фреисен, како и за екипатана Тбилиси од родната Грузија.
Екипата на Струмица Жени добива одлично засилување и освежување во своите редови за вториот дел од сезоната во Првата женска одбојкарска лига.
Штипски Младост УГД е во фаза на подготовки за вториот дел од сезоната, а засега клубот нема официјална промоција на нови играчи.
Како што е познато во Првата одбојкарска лига на Македонија во женска конкуренција се натпреваруваат осум екипи, лидер на Јанта Волеј, додека пак Младост УГД е на шесттото место со 16 бодови, а пак Струмица Жени е претпоследна со шест бодови.
Александар Ванев, М-Нет