
Пополека влегуваме во финишот од зимскиот преоден рок, а второлигашите продолжуваат со промоција на нови играчи за вториот дел од сезоната.
Второлигашот Беласица се засили со 20-годишниот Матеј Ѓурчиновски кој во струмичкиот второлигаш доаѓа од редовите на прилепска Победа. Тој ги покрива крилните позиции, а во својата кариера има настапувано и за Слога Виница, каменица Саса, кит Го од Пехчево и Работнички.
Нови имиња во второлигашот Вардар Неготино се Невен Костадинов и Марко Стојчески.
19-годишниот Костадинов доаѓа од редовите на Вардарски од Богданци, а има настапувано за младинските категории на Брера Струмица и Тиквеш.
Стојчески кој има 24 години доаѓа од второлигаш Скопје, а има настапувано и за Каменица Саса, Кит Го, Охрид, кадино, Тетекс, Македонија ЃП, Локомотива, како и за младинските категории на Вардар и Брера Струмица, беше дел од бугарскиот тим Монтана, а имаше своја авантура и во српскиот тим Телеоптик.
Ново име во редовите на Кожуф е Никола Стојков кој доаѓа од редовите на Вардарски, се работи за 19-годишен фудбалер кој беше дел и од младинските категории на Работнички, а имаше настапи и за Њу Старс.
Пролетната полусезона во Втората лига започнува на 15. февруари со натпреварите од 16. коло.
Александар Ванев, М-Нет