Се поставува ограда покрај кејот на река Отиња

Безбедноста на штипјани од денес ќе биде на повисоко ниво, со тоа што започна поставување на ограда покрај кејот на река Отиња, во близина на градската црква „Свети Никола“. Финансиските средства за овој проект се обезбедени од страна на Владата, дознаваме од градоначалникот, Благој Бочварски.


-Се работи за средства доделени од страна на Владата за оваа ограда, дојдени по расправата во Собранието, од страна на еден амандман кој беше предложен од опозицијата, а Владата го прифати и јас ја поздравив веќе таа одлука, затоа што Владата има слух да ги разбере потребите на граѓаните и да даде поддршка и финансиска за изработка на одредени проекти. Ова е убав проект којшто ќе значи и поголема безбедност за граѓаните на Општина Штип, пред се` за повозрасните, но и за најмладите, дечињата кои рекреираат и шетаат покрај реката Отиња – изјави градоначалникот Бочварски.

Ограда покрај река Отиња ќе биде поставена на потегот од црквата „Свети Никола“ до Трговскиот центар.

Бочварски истакна дека ова е дел од капиталниот проект „Брана на река Отиња,“, за кој веќе е изготвена тендерска постапка.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк

Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ

Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ